Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Конте најави: Елмас утре може да игра во одбраната
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел да добие сосема нова задача во дресот на Наполи на утрешниот натпревар против Спортинг во Лигата на шампионите. Тренерот Антонио Конте не ја исклучува можноста Елмас да се најде на позицијата десен бек каде што никогаш досега не играл во кариерата.
Препорачано
Конте се соочува со сериозни кадровски проблеми, особено во одбраната, каде повредите и суспензиите го принудуваат на креативни решенија. Спинацола и Оливера сè уште тренираат индивидуално и неизвесно е дали ќе бидат подготвени за утрешниот меч.
„Ќе ги чекаме до последен момент. Ако не бидат подготвени, ќе мора да бараме алтернативи. Дури и да сакам да ја сменам формацијата со петмина во последната линија, немам доволно централни дефанзивци. Една од опциите е Елмас да игра како десен бек, ќе видиме каква ќе биде ситуацијата утре“, изјави Конте на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар.
Ќе потсетиме, Наполи во првото коло од најелитното европско натпреварување загуби од Манчестер сити со 2-0.
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
16мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5