Конечно се знае кој ќе настапи во новогодишната ноќ на плоштадот „Македонија“

Откако годинава беше неизвесно и дали скопските градски власти воопшто ќе организираат дочек на новата година, денеска конечно, на пет дена до новата година, беше објавено дека прослава на плоштадот „Македонија“ ќе има и каква ќе биде програмата.

„Ќе настапат „Sarah Mace & The Girlzz“, магичната „Љубојна“, рок-групата „Ареа“ и бендот „Нокаут“. Забавата започнува во 19:30 часот“, се вели во најавата на новогодишната прослава.

Организаторот, компанијата „Спектаклум” наведува дека се пријавила и била избрана на конкурс, објавија медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!