Аерозагадување во Скопје загадување на воздухот
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Концентрациите на ПМ10 честички во Скопје и Струмица паднаа под прагот на алармирање

Средните дневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот во текот на вчерашниот ден беа под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар на мерните места.

Најзагрозени беа Скопје – Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорати, како и Струмица, покажуваат податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот (ДАМСКВ).

По два дена алармантно високо ниво на концентрации на ПМ10 честички на овие пет мерни места, тоа падна под дефинираниот праг на алармирање,  информира Министерството за животна средина и просторно планирање.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот