Работници во Германија / Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Компанијата што го создаде системот за централно заклучување на автомобили е загрозена со затворање

Германскиот производител на автомобилска опрема Kикарт, кој постои 168 години, е загрозен со затворање. Оваа компанија е специјализирана за системи за заклучување и е светски лидер во овој сектор. KиКарт е одговорен за создавањето на системот за централно заклучување на возилата. Според стечајниот управник Јоаким Екснер, секој трет автомобил во светот има таков систем за заклучување.

Судот во Вупертал побара прелиминарна постапка за стечај на оваа компанија, но работењето ќе продолжи во сите нејзини погони. Речиси 700 вработени во Германија ќе добиваат плати во форма на надомест за банкрот до ноември. Извршниот директор на Кикерт, Жером Дебре, изјави дека Кикерт е во криза затоа што кинеската компанија Лингјун, како нејзин сопственик, не обезбедила финансиски средства за продолжување на работењето и затоа што не ги исполнила финансиските обврски во износ од неколку стотици милиони евра. Покрај тоа, проблемот се санкциите што го ограничуваат пристапот до важни пазари и финансирање.

Оваа компанија има 4.500 работници во 11 фабрики. Нејзиното седиште е во Хајлигенхаус, во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, а има и филијали во Америка и Азија. Основана е од Арнолд Кикерт и е во сопственост на Лингјун од 2012 година. Дебре посочи дека целта на кинеската компанија е да се повлече и дека верува дека ова е единствениот начин да се продолжи со бизнисот со 168-годишна историја. Според податоците од германскиот осигурител за кредити „Атрадиус“, бројот на големи несолвентности во Германија во првата половина од оваа година достигна рекордни 207, што е зголемување од една петтина во споредба со истиот период минатата година. Меѓу нив, најголем број се компании од автомобилската индустрија (29), пишува австрискиот весник „Стандард“, пренесува Кликс.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот