Фото: Komiti/FB

„Комити“ со повик до навивачите: Против Црвена Звезда на стадион сите во исти маички – да ја направиме најголемата кореографија досега!

Навивачката група „Комити“ повторно ги повика сите љубители на фудбалот да присуствуваат на натпреварот помеѓу Вардар и Црвена Звезда кој ќе се игра на 16-ти април.

Преку социјалните мрежи најверните фанови на Вардар испратија повик сите на стадионот да бидат во исти маички кои ќе се продаваат на фонатата во „Градски Парк“ во вторник од 18:00 до 20:00 часот.

Исто така сите средства собрани од продажбата на овие маички ќе бидат донирани за настраданите во пожарот во Кочани.

Натпреварот помеѓу Вардар и Звезда ќе се игра на Националата арена „Тодор Проески“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!