Фото: Комити (ФБ)

Комити обвинуваат: Управата не сака Вардар да има навивачи во Кратово!

Навивачите на Вардар подолго време е во конфликт со новото раководство, а сега обвинуваат дека управата не сака тимот да има навивачи во Кратово на гостувањето кај Силекс.

Вардар против Силекс игра в недела во натпреварот со кој започнува третиот круг од првенството. „Комитите“ преку соопштение реагираа тврдејќи дека управата не испратила пријава за гостински навивачи, но исто така и повикаа на масовно присуство.

„Управата на клубот не сака во недела во Кратово да има навивачи на Вардар!

Во таа насока, не беше поднесена пријава за присуство на гостински навивачи, чин кој доволно говори за нивниот страв од целата црвено-црна јавност, во која не спаѓаат веќе само ,,Комити”, туку и сите Вардарци. Оваа одлука е директен удар кон сите нас, кон се она што претставува клубот Вардар, кој во својата историја не помни полошо време и поголема безидејност!

Поради оваа одлука организираниот превоз се откажува. Меѓутоа…

Силата на Вардаровите навивачи, со вакви обиди ја тестирале и порано и никој досега не истерал со нас до крај. Овој клуб е наш и никој ниту успеал, ниту ќе успее, на било каков начин да не одалечи од него!

Во недела МАСОВНО ВО КРАТОВО!

Организирајте се со коли, ѕвонете секому!

Утре ќе се знае од каде се трга, што и како. До тогаш – екипите нека бидат собрани!“, стои во реакцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот