Фото: ФК Вардар

„Комити“ не го сакаат Седлоски: Никогаш нема да ти биде простено, мрш од Вардар!

Навивачите на Вардар, „Комити“ не се задоволни со враќањето на Гоце Седлоски на клупата на црвено-црните.

Седлоски утрово беше именуван за нов тренер на Вардар по заминувањето на Срѓан Захариевски, но навивачите не се среќни и се огласија со жестока реакција преку социјалните мрежи.

„СЕДЛО – МРШ ОД ВАРДАР!

Гоце Седловски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар!

Човечкиот отпад кој уживаше во друштвото на убијците на нашиот брат Саздо, кој со огромно задоволство се радуваше на поразите на ФК Вардар и кој беше избркан од клубот во 2017 година поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа!

Во сабота или седни на клупата на Слога Југомагнат, онаму каде што природно припаѓаш или воопшто не доаѓај. Вардар и Градскиот стадион во Скопје, за тебе веќе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено!

Воедно ги повикуваме сите навивачи на клубот, сите оние кои беа во неделата во Битола, на баражите во Струмица и Кавадарци, но и на скалите пред стадионот, кога се испаѓаше, кога се боревме сами против сите, дур вакви гниди мирно си уживаа во своите провизиски комбинации и хоштаплерски зделки!

КЛУБ НА НАРОДОТ СИ ВАРДАРЕ!
ВО САБОТА – СИТЕ НА СТАДИОН!“, стои во реакцијата.

Официјално: Гоце Седлоски е нов тренер на Вардар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот