фото: ФК Вардар

„Комити“: ФК Вардар е во многу незавидна позиција поради лаги и манипулации

Најтрофејниот македонски клуб ФК Вардар како што е веќе добро познато подолг период се бори со финаниски проблеми.

о изминатиот период зад Вардар застанаа неколку скопски општини, но јасно е дека тоа не може да биде доволно клубот нормално да функционира.

„Комитите“ од ден во ден се борат да обезбедат подобра иднина за „црвено-црните“, меѓутоа засега работите не одат како што треба. Со соопштение на својата Фејсбук страна се огласи еден од главните луѓе во навивачката група, Милорад Миленковски.

Миленковски е човекот кој ги застапува „Комитите“ на средбите со луѓето кои помагаа на Вардар, а сега го обвини актуелниот сопственик, Слободан Крстевски дека работи против интересите на клубот.

Соопштение на Миленковски ви го пренесуваме во целост:

Наместо убави моменти, кои според секоја логика требаше да ги доживуваме, а FK Vardar, нашата љубов да ги живее, започнува црно сценарио, во кое во главна улога е олигархијата, и темната страна на политиката, на терен претставена од најистурениот играч на непријателите на Вардар, “сопственикот” – Слободан Крстевски.

Тој во многу наврати си дозволи да не излаже нас, и стручниот штаб, и играчите, и секој еден поединец од сите делови на она што претставува Вардар, а паралелно со нас и јавноста.

ФК Вардар е ставен во многу незавидна ситуација од тие лаги, манипулации и измами со кои се служи овој човек, а покрај него и сите кои стојат позади него, во оваа специјална војна која му се случува на клубот.

Цобе ветува дека до Петок, ФК Вардар ќе поднесе Завршна сметка и Ревизорски Извештај до Лиценцната Комисија при Фудбалската Федерација на Македонија, за настап во првата лига, со цел да докаже дека барем еднаш ќе одигра за интересите на Вардар и сите ние кои сме вљубени во тоа свето име и Македонска Авангарда. Иако е клубот “негов” тој до сега ниту еднаш не направи ниту еден потег за да го покаже тоа на дело…Неверојатно но вистинито !?

Институциите, и надлежните органи не најдоа за сходно, барем до сега, да направат било каков чекор во правец на заштита на она што претставува Национално Богатство, Симбол и Клуб на Народот. А упатени беа безброј апели, од искрени побуди и со чистина невидена досега на нашата сцена. Тоа не беше доволно, за да се одбере народот наместо олигархијата, за жал.

Останува Вардар да се потпира само и единствено на „Комити“, останатите навивачи на Вардар, но и конечно народот и јавноста.

Оставени сме сами на себе, но ако сме одлучни оваа војна да ја истераме до крај, без притоа да го жалиме непријателот, а ниту себеси, уверен сум дека ќе доживееме Победа и сеопшт Народен Триумф, кој му е толку потребен на овој напатен народ, како за промена од секојдневието исполнето со порази и деморализација на сопствениот народ.

Ако го сакаме Вардар дајте сите да се избориме за него, без колебања и без пардон, затоа што ВАРДАР е МАКЕДОНИЈА ! Доколку тоа не го сториме, ќе не колнат нашите поколенија, затоа што не сме достојни да се нарекуваме родители и Слободни луѓе, ниту пак сме достојни да ја газиме оваа света земја Македонија. Нема да сме достојни да се нарекуваме Комити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот