
Комичарот Расел Бренд денеска ќе се појави на суд поради обвиненијата за силување
Британскиот актер и комичар Расел Бренд денес ќе се појави пред лондонски суд по обвинението дека силувал и сексуално вознемирувал четири жени во одделни инциденти пред повеќе од 20 години.
Препорачано
Британските обвинители поднесоа обвиненија против Бренд, кој некогаш беше еден од најпознатите британски водители и поранешен сопруг на американската поп-пејачка Кети Пери. Првите првите обвинувања за силување се појавија уште пред две години, но тој и тогаш ги негираше.
Расел е обвинет за силување, принудување на орален секс и сексуален напад на четири жени во период помеѓу 1999 и 2005 година.
По обвинувањата, Бренд изјави дека во младоста, пред да се ожени и да има деца, бил „будала и зависник од секс“, но никогаш не бил силувач.
„Никогаш не сум учествувал во активности без согласност. Сега ќе имам можност да се бранам од овие обвиненија на суд и сум неверојатно благодарен за тоа“, рече Бренд.
Во септември 2023 година, странските медиуми ги објавија обвинувањата за сексуално вознемирување против него, а лондонската полиција започна истрага неколку недели подоцна.
Бренд, кој минатата година изјави дека станал христијанин, ги негираше обвинувањата.
„Овие обвинувања се однесуваат на времето кога работев во мејнстримот, кога постојано бев во весници, кога бев во филмови.“ И како што пишував опширно во моите книги, бев многу, многу промискуитетен“, рече тој, пренесува „Еуроњуз“.