Постери од Мигел Урибе во парламентот на Колумбија/Фото: EPA-EFE/Mauricio Duenas Castañeda

Колумбија: Сенаторот Урибе останува во критична состојба по атентатот

Колумбискиот сенатор Мигел Урибе (39), кандидат за претседател на земјата, останува во критична, но стабилна состојба откако беше застрелан во Богота во саботата, соопшти во вторник болницата каде што се лекува.

„Продолжуваме да преземаме неопходни мерки за намалување на последиците од повредите “, се додава во соопштението на болницата „Фондација Санта Фе“.

Вчера плакати со ликот на Урибе беа залепени на седиштата на сенаторите во Сенатот во Богота. Семејството на колумбискиот сенатор и претседателски кандидат нападнат на 7 јуни, Мигел Урибе Турбај, поднесе кривична пријава против Националната единица за заштита (UNP), служба при до Министерството за внатрешни работи поради несоодветна заштита на безбедноста на сенаторот во кампањата.

Мигел Урибе, кој не е официјален кандидат на неговата партија за претседателските избори во мај 2026 година, потекнува од истакнато колумбиско политичко семејство.

Тој е внук на Хулио Сезар Турбај, претседател на Колумбија од 1978 до 1982 година, и син на Дијана Турбај, новинарка која беше киднапирана од нарко-босот Пабло Ескобар и убиена во 1991 година за време на воената операција за нејзино спасување.

Застрелан кандидатот за претседател на Колумбија Мигел Урибе, во него пукало 15-годишно момче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот