Колумбиски претседател Густаво Петро EPA-EFE/Natalia Pedraza

Колумбија се понуди да посредува во ослободувањето на заложниците кои ги држи Хамас

Колумбискиот претседател Густаво Петро вчера се понуди да преговара за ослободувањето на Израелците кои се заложници на палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа, пренесуваат француските медиуми.

Претседателот Петро тоа му го предложи во писмото одговор на писмото од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Колумбискиот лидер предлага да се создаде „мировна комисија“.

„Со јасна цел да се постигне консензус, верувам дека е од првостепена важност брзо да напредуваме кон запирање на насилството и да започнеме преговори за ослободување на сите заложници“, се наведува во писмото на колумбискиот претседател до израелскиот премиер.

Петро, ​​кој е претставник на левицата, е отворен поддржувач на палестинската кауза, забележуваат француските медиуми.

„Предлагам да продолжиме напред со формирање мировна комисија во која ќе бидат вклучени различни земји за да се обезбеди ослободување на заложниците и да се постигне поголемата цел – да се заврши насилството меѓу Израел и Палестинците’, напиша Петро во писмото одговор на писмото од Нетанјаху.

Во писмото на Нетанјаху, објавено од колумбиските медиуми и потврдено од израелската амбасада во Колумбија, израелскиот лидер го повикува колумбискиот претседател да направи „се што е можно“ за да посредува за ослободување на заложниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот