Студентски протести во Србија / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Колку студентските протести во Србија влијаат на падот на туристичките посети?

Во февруари беа откажани одреден број туристички резервации за сместување во Србија. Тоа создава страв кај дел од хотелиерите дека доколку продолжат студентските протести и во наредните месеци, тоа може да доведе до поголемо влијание врз туризмот. Многубројни државни функционери веќе тврдеа во претходните месеци, од почетокот на студентските блокади и протести, дека тоа се одразува на економијата на државата.

Српскиот претседател Алексаднар Вучиќ неодамна изјави дека ова ја „уништува“ српската економија и дека потенцијално ќе влијае на платите и пензиите. Иако немаше докази за ваквите тврдења, според податоците на деловното здружение на хотелиерството и угостителството на Србија ХОРЕС, се чини дека протестите навистина имаа влијание врз туризмот. Директорот на ова здружение Георги Генов за Данас објаснува дека во февруари имало намалување на бројот на резервации особено во Белград.

„Добивме податоци од хотелот и моментално ги анализираме информациите, но околу 20 отсто од резервациите се откажани, но не во сите хотели туку во некои, во зависност од локацијата“, објаснува тој.

Овие откажувања биле во февруари, вели тој, а најмногу од Словенија и Хрватска. Пред тоа, во декември и јануари, податоците биле редовни, потврдува Генов. Бранко Красојевиќ, директор на агенцијата „Туризам советник“, вели дека во овие околности гледа и позитивни и негативни страни.

„Позитивно е што во светот се испраќа мирна слика и некој нов ентузијазам, младинска активност и слично“, смета тој.

Красојевиќ посочува дека е точно дека голем број земји во моментов не препорачуваат посети на Србија. Тоа во никој случај не се забрани, туку препораки да не се посети Србија, објаснува тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот