
Колку долго треба да трае идеалната попладневна дремка?
Попладневната дремка, веројатно е единствениот начин да ги наполниме батериите по напорната работа или обилниот ручек. Сепак, многу е важно колку таа дремка ќе трае, бидејќи токму тоа влијае на тоа дали ќе бидеме полни со енергија по дремката или уште повеќе уморни.
Препорачано
View this post on Instagram
Дремката се смета за краток сон во текот на денот, обично попладне. Може да потрае околу дваесет минути или неколку часа. Се проценува дека околу една третина од населението заспива барем еднаш дневно. За некои, тоа е единствениот начин да се одморат доволно, а потоа да бидат целосно подготвени за сите обврски и предизвици. Многу студии потврдија дека луѓето имаат подобра концентрација и поголема толеранција кон другите луѓе по попладневната дремка, а постојат докази дека оваа активност може да го намали крвниот притисок, пишува City Magazine.
View this post on Instagram
Сепак, треба да бидеме внимателни при користењето на овој попладневен одмор. Предолгото останување во кревет во текот на денот може да ги наруши вашите навики за спиење и да доведе до несоница и хроничен замор. Ова е особено точно ако дремките ви се подолги од 45 минути.
View this post on Instagram
Експертите веруваат дека идеалната дремка треба да трае околу 25 минути, бидејќи тогаш придобивките се најголеми. Велат дека не е трагедија дури и ако дремнете малку подолго, туку дека не треба да ви стане навика попладневна дремка да трае повеќе од 45 минути.