
Колариќ: Шилегов можеше да купи 5 нови машини за чистење на снег, наместо да и ги даде на „Аполоинженеринг“
Светлана Колариќ од опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска изјави дека градоначалникот Шилегов недомаќински ги троши парите на граѓаните.
Во Скопје се уште не падна првиот снег, но од парите на граѓаните сепак ќе бидат издвоени еден милион денари за чистење на снегот. По реакциите во јавноста по обелоденувањето на договорот со фирмата „Аполоинженеринг“, градоначалникот Петре Шилегов изјави дека е нормално да се склучи договор со фирмата, бидејќи тој не знае дали и колку снег ќе падне во текот на зимската сезона.
Препорачано
Светлана Колариќ од опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска изјави дека градоначалникот Шилегов недомаќински ги троши парите на граѓаните.
„Петре Шилегов во име на Град Скопје склучил договор за изнајмување на опрема за чистење на снег за 2020 и 2021 година во висина од 1 милион евра.
Според договорот кој го потпишал Шилегов станува збор за изнајмување на 15 машини, кои според договорот имаат обврска за чистење од 40 часа месечно, се што ќе биде над тоа ќе се плаќа дополнително од страна на градот.
Петре Шилегов наместо да ги троши парите на граѓаните за чистење на снегот кој не падна можеше да купи 5 нови машини за чистење на снег кои ќе бидат во сопственост на градот и ќе можат да бидат користени повеќе години.
Шилегов не работи домаќински. Шилегов го раскрчмува едноставно градот.
Шилегов и Заев се виновни за целиот криминал, корупција и рекет. Шилегов и Заев се виновни за сите порази и сите понижување кои ги доживуваме. Несоодветното трошење на парите на граѓаните ќе заврши на 12-ти април. Но по 12-ти април ќе има верувајте одговорност за се“, рече Колариќ.
За оваа тема се заинтересирала и антикопциската комисија, и не се исклучува можноста да се отвори случај за ангажирањето приватна фирма за чистење снег.