Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Колапс на „Епл“: 640 милијарди долари изгубени за три дена
Американската технолошка компанија „Епл“ загуби речиси 640 милијарди долари од пазарната вредност за три дена тргување на берзите, бидејќи најавата за трговска војна меѓу САД и Кина ги разниша нејзините акции, кои паднаа за вкупно 19 отсто. „Епл“ е многу ранлив на трговскиот конфликт меѓу Вашингтон и Пекинг бидејќи значителен дел од неговото производство се наоѓа во Кина, која се соочува со американски царини од 54 отсто, пишува CNBC. Компанијата има производство и во Индија, Виетнам и Тајланд, но овие земји се исто така погодени од реципрочните царини на Трамп.
Препорачано
Аналитичарите предвидуваат дека „Епл“ најверојатно ќе мора да ги зголеми цените на своите производи или да ги покрие дополнителните трошоци кога ќе стапат на сила новите тарифи, пренесува Танјуг. Експертот за банката „Барклис“ од Лондон, Тим Лонг, очекува дека производите на „Епл“ ќе поскапат или во спротивно заработката по акција на компанијата ќе се намали за дури 15 проценти. Експертите од швајцарската банка УБС проценуваат дека врвниот „ајфон“ на „Епл“, кој моментално се продава за 1.199 долари, може да се зголеми за околу 30 отсто или приближно 350 долари поради новите тарифи.
„Епл“ би можел да го промени и синџирот на снабдување, така што увозот на неговите производи во САД доаѓа од други земји со пониски царини, додава американскиот медиум.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
8мин
-
18мин
-
21мин
-
31мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5