Колач со јаболка / Фото: Cornelio Ferrari / Alamy / Alamy / Profimedia

Kолач со јаболка: Лесен рецепт за убав есенски десерт

„Torta di mele“, или колач со јаболка, е традиционален италијански десерт кој се јаде во текот на целата година, а особено наесен. Се служи како појадок, ужина или десерт со шолја кафе.

Постојат различни верзии на овој колач, но ние ви го пренесуваме наједноставниот рецепт, во кој „главната улога“ ја имаат слатките јаболка од сортата златен делишес.

Ситно исечканите јаболка се ставаат во тестото, но и на врвот од колачот. Потоа, јаболката се засладуваат со шеќер и се додава цимет во прав за поинтензивен вкус.

Фото: Cornelio Ferrari / Alamy / Alamy / Profimedia

Потребни состојки

  • 250 гр брашно
  • 180 гр шеќер
  • 125 мл млеко
  • 100 гр путер
  • 5 гр прашок за пециво
  • 4 јаболка од сортата златен делишес
  • 1 јајце
  • 1 жолчка од јајце
  • 1 лажичка цимет во прав
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • кора од лимон
  • прстофат сол

Подготовка

За почеток, загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени. Намастете го и набрашнете го кружниот калап за колачи, па ставете го на страна.

Во посебен сад, ставете путер и 150 грама шеќер и мешајте ги со миксер сѐ додека не се соединат убаво. Потоа, додадете ги јајцето, жолчката, млекото, косата од лимот и екстрактот од ванила и продолжете со мешањето. Додадете го и брашното, заедно со прашокот за пециво и малку сол. Мешајте сѐ додека не добиете еднолична смеса.

Во смесата, притиснете неколку парчиња од половина излупено јаболко. Префрлете ја смесата во подготвениот калап, а одозгора ставете ги останатите јаболка исечени на тенки кришки.

Рамномерно посипете го остатокот од шеќерот и циметот во прав над јаболката.

Ставете го колачот во загреана рерна и печете го од 40 до 45 минути.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот