фото: EPA-EFE/MARK LYONS

Коко Гоф ја освои титулата на Мастерсот во Синсинати

Коко Гоф од САД потврди дека е во одлична натпреварувачка форма, откако во полуфиналето ја совлада моментно најдобрата тенисерка на светот Ига Швјонтек, во мечот за титулата на Мастерс турнирот во Синсинати триумфираше над Каролина Мухова од Чешка со 2:0 во сетови.

Во меч кој траеше скоро два часа, Гоф го освои првиот сет со 6:3, а вториот со 6:4. Седмата носителка на турнирот беше поагресивна и поконцентрирана во финалниот дуел и ги искористи шансите што ги доби.

Првиот таков го имаше на стартот кога водеше со 2:0, но го испушти својот сервис веќе во следниот гем. Но, до крајот на првиот сет уште двапати го одзеде сервисот на Чехинката и поведе со 6:3.

Гоф во вториот сет спаси две брејк топки, а потоа ѝ го зададе последниот удар, двапати и го одзеде сервисот на противничката и го отвори патот до триумфот.

За Коко Гоф ова е петта титула во нејзината кариера и одлична увертира пред настапот на „УС Опен“ кој ќе се одржи од 28 август до 10 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот