Фото: Yan Krukau / Pexels

Која навика може да го подобри либидото кај жените?

Се подразбира дека либидото на секого е различно, но експертите се согласуваат дека постои една работа што жените можат да ја направат за да ја подобрат својата желба за секс.

Само еден час дополнителен сон може да го зголеми либидото на жената за 14 отсто, а секој дополнителен час после тоа може да го зголеми сексуалниот нагон за истиот процент.

Ова не е лесно да се постигне ако имате деца, проблеми со спиењето, прекувремена работа и слично. Доколку и покрај предизвиците успеете да почнете да спиете еден час подолго, ова целосно ќе го промени вашиот сексуален живот.

Ова е утврдено во студијата наречена „Влијанието на спиењето врз женскиот сексуален одговор и однесување“, во кое учествувале 171 жена од САД, пренесува „Метро“.

Сексологот Нес Купер во интервју за споменатиот портал изјавила дека и спиењето во посебни кревети може да резултира со повисоко либидо.

„Споделувањето на креветот со некој кој има различна рутина на спиење од вас може да доведе до лош сон, исто како и споделувањето кревет со некој кој премногу се движи наоколу или прави премногу врева“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот