Вештачка интелигенција/ Илустрација: Пиксабеј

Која е највредната компанија на светот за ВИ?

Компанијата за развој на вештачка интелигенција (ВИ) Open AI достигна проценка од 500 милијарди долари, според нејзината последна проценка, што ја прави највредниот приватен стартап во светот. Со тоа, ја престигна компанијата SpaceX во сопственост на Илон Маск, која претходно беше проценета на 400 милијарди долари.

Таков силен скок на проценката се случи откако сегашните и поранешните вработени продадоа акции на инвеститори во секундарна понуда вредна 6,6 милијарди долари, објавува Bloomberg. Тоа претставува силно зголемување од претходната проценка од 300 милијарди долари претходно оваа година и ја потврдува инвестициската еуфорија околу вештачката интелигенција. Open AI сè уште работи без профит, но потпишува договори со гиганти како Oracle и инвестира во инфраструктура што би можела да чини трилиони долари во наредните години.

Оваа пресвртница се случи во време кога Open AI, под водство на Сем Алтман, преговара со Microsoft за трансформација во јавна компанија со статус на корпорација од јавен интерес- објави Каматица.

Тоа е посебна правна форма на компанија во Соединетите Американски Држави која комбинира профитна ориентација со општествено корисна мисија, така што, покрај профитот, законски мора да работи во корист на заедницата или јавното добро.

Доколку таа трансформација се оствари, Open AI формално ќе го напушти својот непрофитен модел врз кој беше основан во 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот