
Кој е најмноќниот пасош во светот?
Најновиот индекс на пасоши на Хенли за 2025 година носи интересни промени на глобалната патничка сцена, покажувајќи дека геополитиката и дипломатијата сè повеќе влијаат врз слободата на движење. Додека некои земји се искачуваат на скалата на моќни пасоши, други бележат значителен пад. Индексот, базиран на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) ги рангира земјите според бројот на дестинации без виза- пишува Каматица.
Препорачано
Сингапурскиот пасош повторно го освои првото место, втора година по ред, дозволувајќи влез без виза во дури 193 земји. По него следуваат азиската елита – Јапонија и Јужна Кореја, кои го делат второто место со 190 дестинации без виза. Седумте членки на Европската Унија – Данска, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија и Шпанија – цврсто ја држат третата позиција, со пасоши што отвораат врата кон 189 земји.
Не сите европски земји имаат еднаква среќа кога станува збор за пасошите. Косово и Белорусија се на самото дно на европската листа. Белорускиот пасош е на 62-ро место со пристап до 81 дестинација, додека Косово е само еден чекор погоре, на 61-во место, со 82 дестинации без виза. Нивната позиција е резултат на ограниченото дипломатско признавање и бавниот напредок во либерализацијата на визниот режим, особено кон земјите од Западна Европа.
Еден од највпечатливите трендови е континуираниот пад на влијателните западни сили. Обединетото Кралство, кое некогаш беше близу врвот на листата во 2015 година, сега е на шесто место со 186 дестинации без виза. Уште подрастичен пад забележаа Соединетите Американски Држави, кои паднаа од првата позиција во 2014 година на десеттото место, со можност за патување во 182 земји без виза. „Хенли и партнерс“ го припишуваат овој пад на построгите правила за влез и намалениот број меѓународни договори.
Спротивно на падот на Западот, земјите од Блискиот Исток и Азија бележат значителен пораст. Обединетите Арапски Емирати се на импресивно 8-мо место, Саудиска Арабија на 54-то место и Кина на 60-то место, што е резултат на активната дипломатија и ширењето на договорите за укинување на визите.