
Кој е Лаури Марканен, првата ѕвезда на кошаркарската репрезентација на Финска?
Финската кошаркарска репрезентација е најпријатното изненадување на Евробаскетот, а играчот на НБА клубот Јута џез Лаури Марканен е веројатно најзаслужен за нивното место во полуфиналето на Европското првенство. Марканен (28) постигна 29 поени со осум скока и три асистенции во осминафиналето против Србија, иако со лош шут за три поени (1/9), но неговиот настап на теренот во тој натпревар беше исклучителен.
Препорачано
Најдобриот фински кошаркар веќе се докажа во НБА, но оваа година конечно постигна забележителен резултат со репрезентацијата. Имаше одлични индивидуални резултати со помладите тимови, бидејќи беше најдобар стрелец на континенталните првенства до 18 години (2015) и до 20 години (2016), но успехот со сениорите е сепак најважен.
Lauri Markkanen’s dominant run through @EuroBasket has Finland in the Semifinals 🇫🇮
Watch their matchup with Germany, tomorrow at 10am/et on @courtside1891!
➡️ https://t.co/fPC0xWpW1P pic.twitter.com/ktbfTQVAjX
— NBA (@NBA) September 11, 2025
По победата над Србија, Финците славеа против Грузија и се пласираа во полуфиналето на Евробаскетот, а се надеваат дека ќе направат уште едно изненадување денеска од 16.00 часот против актуелниот светски шампион Германија, но секако имаат уште еден важен дуел пред себе во недела – или во борбата за злато или бронза. Марканен беше феноменален во сите претходни дуелот освен против Германија во групата и сега е вистинската можност да се „надомести“ за тој малку полош настап.
The unbeaten favorites vs. the history makers ⚔️
Who will advance to the Finals, 🇩🇪 or 🇫🇮?
📺 https://t.co/O8gpIsQl2R
📖 https://t.co/KIfoX6yMcO#EuroBasket | #MakeYourMark pic.twitter.com/LLo8McZuNX— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 12, 2025
По јуниорската кариера во својата татковина, тој играше колеџ кошарка за Аризона вајлдкетс, а во НБА беше драфтуван како седми пик во 2017 година од Минесота тимбервулвс. Кратко потоа, стана член на Чикаго булс, каде што започна неговиот вистински подем. Своето деби во НБА го имаше во 2017 со „биковите“, а таа сезона беше именуван во тимот на најдобрите млади играчи (премиерна сезона) во најсилната кошаркарска лига во светот.
По четири години во Чикаго, тој одигра една сезона за Кливленд, а моментно ги брани боите на Јута. Во 2023 година, учествуваше во натпреварот на сите ѕвезди, а беше избран и за играч со најголем напредок во НБА. Ја наследи својата љубов и талент за кошарка од својот татко, Пека. Постариот Марканен беше три пати најдобар кошаркар во Финска, со ист број шампионски титули во својата татковина.
Сепак, до неодамна, најпознатиот член на семејството беше постариот брат на Лаури, Еро (34). Тој е фудбалер и игра како напаѓач, а во 2014 година дури и потпиша четиригодишен договор со Реал Мадрид. Не одигра ниту еден натпревар за тимот А на еден од најпознатите клубови во светот, иако дури беше регистриран за Лигата на шампионите, но играше за тимот Б на мадридскиот тим. Исто така, одигра 18 натпревари за националниот тим, вклучувајќи шест натпревари во квалификациите за Светското првенство во 2018 година.
Сепак, во последните години нема дилема за сите спортски фанови низ целиот свет и во Финска. Кога ќе се спомене Марканен, првата асоцијација е Лаури, кошаркарот на Јута и првата ѕвезда на националната кошаркарска репрезентација.