Илустрација за евра / Фото: Pexels

Кои земји имаат највисок, а кои најнизок данок?

Даночните приходи се клучен извор на финансирање за јавните услуги, но даночниот товар значително варира низ цела Европа. Според податоците на Евростат, просечните даночни приходи во ЕУ изнесувале 40% од БДП во 2023 година. Сепак, тој процент драстично варира од држава до држава. На врвот на листата се земјите со висок даночен товар се Франција со 45,6% од БДП, Белгија со 44,8% од БДП, Данска со 44,7% од БДП, Австрија (43,5%), Финска (42,7%) и Шведска (42,6%) исто така имаат висок товар. Од друга страна, најниските даночни приходи во однос на БДП се Ирска: 22,7% од БДП, Турција со 23,5% од БДП, Швајцарија 26,9% од БДП, Малта 27,1% од БДП и Романија: 27,3% од БДП.

Ниското даночно оптоварување во Ирска се објаснува со нискиот корпоративен данок кој привлекува странски капитал. Во Турција, причината е ниската економска сила и големата сива економија, додека Швајцарија намерно ги одржува даноците умерени- пишува Каматица.

Даноците сочинуваат речиси 90% од приходите на националната влада во ЕУ. Кога даночните приходи не се доволни за финансирање на јавните расходи, владите се задолжуваат, што доведува до зголемување на јавниот долг. Меѓу петте најголеми европски економии, Велика Британија има најниско даночно оптоварување (35,3%), додека Франција, Германија и Италија се над просекот на ЕУ.

Балансирањето на економскиот раст, даночното оптоварување и јавната потрошувачка останува клучен предизвик за сите европски влади во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот