Фото: Утрински брифинг/Слободен печат

Кога веќе се расфрла со пари, Владата не треба да штеди на пензионерите, вели Славески

Кога имаме расфрлање со пари на сите страни, најмалку треба да штедиме на пензионерите. Од владата нема јасен предлог за пензиите, тие велат прават анализи како и секогаш и на крај ќе добиеме некое популистичко решение. Кога станува збор за усогласувањето на пензиите, она што го најавуваат одржлива формула го гледаме на секои 3-4 години и посотојано се менуваат, рече во вечерашното издание на „Анализа“ на Телевизија 24 професорот Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека секогаш кога просечната пензија ќе падне под 60% од просечната плата, а таква состојба имаме сега, оправдано е зголемување на пензии и со вонредна мерка.

„Имавме долг период со нулта стапка на инфлација и тогаш немаше со што да с еусогласува, единствено само со порастот на палти. А да потсетам токму владата на СДСМ го смени моделот и ги исклучи платите. Сега затоа што се смени состојбата има висока стапка на инфлација“, рече Славески.

Тој наведе дека усогласувањето на пензионерите треба да им ја заштити куповната моќ и затоа пензиите мора да се усогласат спрема индексот на трошоци и порастот на платите.

„Проблем е што било која формула да ја примените, има дисбаланси каде просечната пензија ќе заостане зад просечната плата, така беше пред 2005 година. Оттука, вонредните зголемувања кои потоа ги критикуваше СДСМ во 2008 и 2009 година доведоа просечната пензија од 50% од просечната плата да се искачи на 60%. Сега, пак, таа изнесува 54% просечна пензија во однос на просечна плата“, речеСлавески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот