Фото: Слободен печат

Кога доаѓа крајот на плаќањата во готово?

Воведувањето на дигиталното евро, кое би можело да се имплементира уште во 2028 година, повторно ги разгоре дискусиите низ цела Европа: дали дигиталната валута значи дефинитивен крај на готовината?

Според најновите информации, Европскиот парламент усвои регулатива во која експлицитно се нагласува дека статусот на готовината нема да биде укинат, туку напротив – дека дополнително ќе се обезбеди правната безбедност на употребата на евро банкнотите и монетите, пошува Телеграф.рс.

Хрватската народна банка истакна дека дигиталното евро ќе постои паралелно со физичката валута, но стравот кај граѓаните продолжува да расте: многумина веруваат дека ова е само првиот чекор кон целосно елиминирање на готовината.
Експертите објаснуваат дека воведувањето на дигиталното евро би значело полесно и побезбедно плаќање во онлајн трансакциите, намалување на сивата економија, но и поголема контрола врз протокот на пари. Критичарите, од друга страна, предупредуваат дека граѓаните би можеле да останат без слобода на избор – дали да користат готовина или дигитални пари.
Значи, иако институциите тврдат дека готовината ќе преживее, времето на воведување на дигиталното евро (2028) многумина веќе го сметаат за почеток на крајот на банкнотите и монетите што ги користиме секојдневно денес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот