
Кочов: Кој ќе победи во Словенија, се прашуваме и ние!
Денеска екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе го игра и седмиот натпревар оваа сезона во АБА2 лигата, овојпат на гостувањето во Словенија (19.00 часот) против Хелиос.
Препорачано
Дефинитивно дерби на колото, „металците“ се наоѓаат на второто место со 11 бодови (колку што има и водечкиот Борац), а на третата позиција е Хелиос со 10.
Македонскиот шампион се надева дека после триумфот над хрватскиот Сплит, во Домжале ќе ја продолжи победничката серија против Словенците кои во минатата рунда со 70:71 славеа над Спарс.
Ѓорѓи Кочов, тренер на МЗТ Скопје Аеродром:
-Против себе имаме противник кој сезонава може да се пофали со одличен состав, кој игра добро во транзиција и кој е агресивен во одбраната. Хелиос сигурно е фаворит, бидејќи игра на домашен терен, но за тоа кој ќе победи на оваа средба се прашуваме и ние. Се надевам дека ќе се прикажеме во вистинско светло и дека ќе дојдеме до посакуваната цел.
Џабари Хиндс, кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром:
-Минатата недела против Сплит дојдовме до значајна победа, која ќе биде уште подрагоцена доколку ја потврдиме со позитивен резултат и на гостувањето против Хелиос. Нема да биде лесно, но доколку дадеме сè од себе, ќе можеме да се надеваме на триумф.