Кобни капки за очи: Почина и четвртата жртва, 14 луѓе ослепеа

Четвртата жртва на капки за очи почина во САД откако се инфицирала со бактеријата „псеудомонас аеругиноза“ која е отпорна на лекови и се поврзува со капките за очи.

Американскиот центар за контрола на болести (CDC) ја потврди оваа информација а со оваа бактерија која ја имало во капките за очи се поврзуваат и 14 неодамнешни случаи на губење на видот и уште 4 случаи на хируршко отстранување на очите.

Жена од Флорида поднела тужба против производителот на капките откако лекарите морале хируршки да ѝ го отстранат едното око поради воспаление.

Нејзината адвокатка Наташа Кортез изјави дека верува дека постојат повеќе жртви но дека истите за тоа не биле свесни во моментот на инфекцијата.

Таа смета дека бактеријата се развила, зашто во капките за очи ги немало вообичаените и потребни конзерванси.

Веднаш откако беше објавено предупредувањето, компанијата производител ги повлече капките EzriCare, кои се купуваат без рецепт, а во себе немаат конзерванси а кои многумина од заразените ги користеле.

Повеќето од пациентите побарале лекарска помош зашто ги болеле очите, имале црвенило, заматен вид и други слични симптоми.

Псеудомонас аеругиноза вообичаено создава проблеми на местата каде имунолошкиот одговор е слаб.

Бактеријата е агресивна и може да влезе во капките за очи по пат на контаминација. Бактеријата е отпорна на повеќето антибиотици.

Центарот за контрола на болести извести дека пацентите кои ја имале инфекцијата пријавиле користење на повеќе од 10 видови на капки.

Извор: Слободна Далмација

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот