
Клуч за двете мензи во „Кромберг и Шуберт“ во Битола по труењето со храна на 41 работник
Од четвртокот до денес вкупно 41 вработен од фабриката Кромберг и Шуберт пријавиле дека се затруле со храна во двете фабрички мензи, поради што Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска ја затвори втората менза во фабриката, откако уште 11 вработени побарале лекраска помош со симптоми на труење.
Препорачано
Затворањето на првата менза во фабриката се случи во четвртокот откако во ДЗСИ беше пријавено дека се затруле 30 вработени.
Работниците кои се затруле со храна побарале помош во дневната амбуланта на Инфективното одделение во битолската општа болница, но ниту еден не бил хоспитализиран.
Заедничко за сите затруени е што конзумирале иста салата.
Не е исклучена можноста да има и други вработени со симптоми на труење со оглед на то што во двете мензи дневно се делат околу 5000 оброци.
Инспекторите зеле примероци и од работните површини во кујните, како и од оброците по што треба да се утврди причината за труењето на работниците во фабриката Кромберг и Шуберт во Битола.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
21мин
-
36мин
-
48мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5