
Клои Кардашијан за лошото искуство со терапевтот: Ги кажуваше деталите од мојот приватен живот на таблоидите
Реалити ѕвездата Клои Кардашијан се отвори за нејзината борба со менталното здравје во интервјуот за „Бастл“ и рече дека се свртела кон вежбањето откако била изневерена од нејзиниот терапевт.
Препорачано
Кардашијан почнала редовно да вежба откако нејзиниот поранешен терапевт ги открил нејзините детали од приватниот животво јавноста, среде разводот со кошаркарот Ламар Одом.
„Се сеќавам дека отидов на терапија и следното нешто, нешто приватно што му кажав на мојот терапевт беше во таблоидите. И знаев дека мојот терапевт ја објави оваа информација на таблоид бидејќи нема шанси да се дознае“, рекла таа.
Информациите биле за нејзиниот брак со кошаркарот, но таа не открила за што точно се работи. Иако почнала да ги решава проблемите со одење во теретана, искуството било крајно трауматично за неа и „го уништило нејзиниот однос кон терапијата“.
„Престанав да одам на терапија и почнав да одам во теретана. Ми требаше издувен вентил, но веќе на никого не верував. Местото каде што се чувствував најбезбедно беше теретаната”, рекла Кардашијан.
Клои, исто така, рече дека нејзиното искуство со терапевтот е „вознемирувачко и малку неверојатно“ и инсистирала на тоа дека не постои друга личност која би можела да ја каже таа информација до таблоидите. Затоа со години не сакала да оди на терапија, сè до моментот кога сестра ѝ Ким Кардашијан не ја убедила да се обиде повторно.
„Почнав кога имав 39 години. Навистина ми се допаѓа. Таа е всушност терапевтот на Ким. Ким беше многу непопустлива. Јас ѝ реков: ‘Ќе го направам ова за тебе’“, рекла таа.
Преку терапија сфатила дека има многу работи кои ги чувала внатре со години.
„Мојот терапевт ми рече дека треба да доаѓам три дена во неделата. Таа рече: ‘Навистина треба да бидеш тука’“, додала Клои.
Со помош на докторот таа го подобрила своето ментално здравје, па вели дека поради тоа нејзините 40-ти се сè на што се надевала.
„Кога си млад, мислиш дека 40 години е старо, но сега се чувствувам многу добро. Во најдобрата форма на мојот живот сум. Правам други работи во кариерата. Имам само 40 години веќе шест месеци , но тоа е најдобро“, заклучила реалити ѕвездата.