Фото: Profimedia/Инстаграм/Клои Кардашијан

Клои Кардашијан откри список на козметички процедури на кои се подложила: „Познавам некои одлични доктори…“

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан проговори за сите естетски зафати на кои се подложила, откако еден доктор на социјалните мрежи шпекулирал што сè има променето на себе. Докторот Џонатан Бетерич сподели видео со стара фотографија од Клои и нови фотографии направени за време на свадбата на основачот на Амазон, Џеф Безос, и новинарката Лорен Санчез.

Кардашијан во коментар под видеото нагласила дека првата фотографија е стара 15 години и рекла дека видеото на докторот го смета за комплимент.

„Во минатото бев многу отворена за тоа што сум правела“, напишала и потоа објавила список на сите естетски зафати на кои се подложила.

Фото: f44 / Zuma Press / Profimedia

Таа потврдила дека има направено операција на нос кај еден пластичен хирург во Беверли Хилс, и дека има правено ласерско отстранување на влакна на целото тело. Спомнала и ботокс, како и популарни третмани за подмладување на лицето.

„Филери имав во минатото, но не и во последниве неколку години (слушам дека никогаш целосно не исчезнуваат, па сигурна сум дека сè уште се таму, но се смириле)“, додала таа.

Клои Кардашијан / Фото: Doug Peters / Alamy / Profimedia

Клои истакнала дека најголем придонес во нејзината трансформација имал губењето килограми. „Со години изгубив 36 килограми (полека и со мирно темпо)“, напишала. Додала и дека направила третман со колагенски нишки под брадата и на вратот, а рекла и дека пробала различни други процедури.

„Третмани за лице со сперма од лосос, редовни третмани за лице, пептиди, витамини и секојдневна нега на кожата“, навела Кардашијан.

„Во 2025 година постојат многу други работи што можеме да ги направиме пред да се одлучиме за операција, но кога ќе дојде моментот и ако се решам на тоа, познавам одлични лекари“, заклучила таа.

ФОТО | „Мора сите да користите Оземпик?“: Клои Кардашијан го покажа мускулестото тело во бикини и наиде на критики дека е премногу слаба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот