Клои Грејс Морец / Фото: EPA/ETIENNE LAURENT

Клои Грејс Морец: Исмевањето на моето тело направи да страдам од телесна дисморфија

Актерката Клои Грејс Морец откри дека страда од телесна дисморфија по појавата на виралниот мем во кој таа е споредена со лик од анимираната комедија „Семеен тип“.

Во разговор за списанието „Хангер“, 25-годишната холивудска ѕвезда открила дека оваа непријатна шега направила таа да се повлече од очите на јавноста.

„Имаше еден мем што навистина ме погоди, со моја фотографија на која носам кутија со пица пред да влезам во хотел“, изјавила Морец.

Спорната фотографија настанала во 2016 година, кога папараци ја фотографирале Морец како влегува во хотел со две кутии пица во рацете. Подоцна, фотографијата била уредена во графичка програма за уредување фотографии, така што нејзиното торзо делувало кратко, а нозете ѝ биле премногу долги. Корисниците на социјалните мрежи шеговито ја споредија фотографијата со лик од анимираната комедија „Семеен тип“ и така настана виралниот мем.

„Сите се шегуваа за моето тело и кога кажав дека ми смета, тие ми рекоа ‘Престани, смешно е’“, раскажала актерката.

Иако никогаш претходно не зборувала на оваа тема, Морец страдала од телесна дисморфија.

„Се сеќавам дека само си помислив ‘Моето тело се користи како шега и тоа е нешто што не можам да го променам’. Всушност, јас станав осаменик. И ден-денес кога ќе го видам тој мем, тоа е нешто што не можам да го надминам“, споделила актерката.

Морец споделила и дека одела на терапија за да се соочи со проблемите поврзани со стравот да биде во центарот на вниманието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!