фото МИА

КЛМ почна да превезува дел од блокираните патници во Амстердам

Холандската авиокомпанија КЛМ денеска почна да превезува во Амстердам голем дел од патниците блокирани вчера во различни европски земји, јави ДПА.

„Во исто време, авиокомпанијата работи на изнаоѓање нови летови за луѓето кои мораа да патуваат од аеродромот ‘Шипхол’ вчера и кои ги загубија своите врски”, изјави портпаролот на КЛМ за холандската новинска агенција АНП.

„Состојбата донекаде се смири, но се уште е неизвесно дали сите заглавени патници ќе се качат на алтернативни летови. КЛМ сака да нагласи дека прави максимални напори да им понуди на патниците алтернативни летови што е можно поскоро”, рече портпаролот.

Поради значително доцнење на регистрацијата на патниците и обработката на патните исправи и багажот на „Шипхол”, КЛМ вчера по 17 часот го прекина превозот на луѓе од европските аеродроми до Амстердам.

Според АНП, вкупно 42 авиони се вратиле празни во Амстердам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот