Кличко со тенкот Леопард 2/ Фото Твитер

Кличко: Зеленски не може сам да одлучува за мир, ќе мора да распише референдум

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, смета дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе мора да распише референдум за постигнување мир во Украина и додава дека верува оти украинскиот претседател не може сам да носи толку болни и важни одлуки без согласност на народот.

Во интервју за „Кориере дела сера“, Кличко оценил дека излезот за Зеленски може да биде создавање влада на национално единство, но додадл дека не е сигурен оти Зеленски е подготвен да се откаже од централизираната моќ што му ја гарантира воената состојба која е на сила од првиот ден на руската агресија.

„Зеленски концентрираше премногу моќ во својата канцеларија. Последица е тоа што парламентот изгуби каква било релевантна улога. Никогаш не смееме да заборавиме дека нашата земја е демократска и поврзана со традицијата на европските влади“, рекол Кличко.

Тој посочи дека секогаш апсолутно ја поддржувал воената состојба додека таа служела за национална мобилизација и гарантирање на единството на земјата, но сега Украина мора да избегнува да ги доверува сите важни одлуки само на претседателот. Според Кличко, следните месеци ќе бидат многу тешки за Зеленски бидејќи ќе треба да донесе одлука дали да ја продолжи војната со нови жртви и уништувања или да размисли за територијален компромис со Русија.

„Да се ​​разбереме, мораме да ја добиеме војната, но ситуацијата станува се посложена бидејќи зависи од помошта што доаѓа од сојузниците, би било кошмар ако треба да се бориме уште две години“, потенцирал градоначалникот на Киев.

Додал дека ќе соработува со Доналд Трамп доколку биде избран на претседателските избори во САД во ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот