Браќата Кличко/ Фото EPA/SERGEY DOLZHENKO

Кличко: Очекуваме голем напад на главниот град на Украина, важен е секој час

Владимир Кличко, припадник на украинските сили за територијална одбрана, поранешен боксерски шампион и брат на градоначалникот на Киев, за Си-Ен-Ен изјави дека руските војници денеска напаѓаат области ширум Украина, а нивна главна цел е главниот град Киев.

– Во наредните денови очекуваме голем напад на главниот град. Тие се прегрупираат. Тие се обидуваат да најдат различни стратегии и се обидуваат да го најдат вистинскиот начин и вистинското време. Значи секој час е важен, а ние во секој момент очекуваме напад на главниот град, особено, како што реков, во наредните денови. Нивна цел е главниот град, рече Кличко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот