Сашо Клековски дир. на фонд за Здраство / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Клековски: Во ФЗОМ пристигнаа уште 15 претставки за сомнителни кардиохируршки интервенции

Во Фондот за здравствено осигурување се пристигнати уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиохируршки интервенции кои ги препраќаме до Министерството за здравство за натамошно постапување, информираше вчера директорот на ФЗО, Сашо Клековски.

Клековски додаде дека досега се пристигнати вкупно 25 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции, од кои пет се индивидуални претставки, а десет се поднесени од установа.

Претставките, појасни тој, опфаќаат различни периоди, а најстарата е за нешто што се случило во 2010 година.

„Во основа има три категории поплаки, односно претставки: едната е каде можно е да им е направена интервенција на пациенти, а немало потреба од тоа, втората е каде на пациенти требало да им се направи, а не им е направено тоа што требало да се направи, и третата се однесува на пациенти кај кои од тоа што е направено нема да има помош во смисла интервенциите што се направени кај пациенти кои можеби се во терминална фаза нема да водат кон подобрување на нивната здравствена состојба или кон продолжување на животниот век. Тоа може да го спореди со давање скапи онколошки лекови на терминално болни пациенти, каде единствено палијативна нега е потребна во моментот, а тоа не е едноставна одлука, но е одлука која мора да биде донесена“, рече Клековски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за активностите на ФЗО за зголемување на бројот на матични доктори во руралните средини.

Клековски нагласи дека јавноста не треба да очекува брзи резултати и оти не е пожелно да има брзо резултати, бидејќи тие би биле погрешни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот