пари ,плата ,мито ,евра- Фото Слободен печат-Методи Здравев

„Клати врата, земај плата“ – архивар во АХВ скоро шест години земал плата, а воопшто не одел на работа

Полицијата од Куманово поднесе кривична пријава против петмина на возраст од 51 до 61 година, сите вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство на различни позиции, кои ја злоупотребиле нивната службена положба и свесно исплаќале плати и придонеси на еден од осомничените, кој бил вработен како архивар, знаејќи дека тој скоро шест години воопшто не се појавил на работа.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од с.Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од Скопје и С.К.(58) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, се вели во полициското соопштение.

Првично, на 30 мај минатата година била извршена контрола во просториите на АХВ-Куманово и од извршениот увид во списоците за редовност било констатирано дека првопријавениот-вработен во Подрачната единица Куманово на работно место помлад референт-архивар, во периодот од 01.12.2018 до 30.04.2024 воопшто не доаѓал на работа, а редовно примал плата и придонеси од буџетски средства.

Второпријавениот З.А., вршител на должноста директор на Агенцијата за храна и ветеринарство до 14.12.2020, свесно дозволил првопријавениот да прима плата и придонеси иако не ги извршувал своите работни задачи. Третопријавениот Н.Б., вршител на должноста директор во Агенцијата за храна и ветеринарство, од 15.12.2020 до 03.07.2024 дозволил да се продолжи со исплатата на плати на Р.Е., кој не се појавувал на работа во текот на целиот свој работен ангажман.

Четвртопријавениот А.Б., на работно место раководител на Одделение за финансиски прашања во Аггенцијата, во периодот од декември 2018 до април 2024 година, без да изврши соодветна проверка на редовноста, потпишувал финансиски извештаи и одобрил исплата на месечните плати и придонеси на првопријавениот иако не бил во списоците за присутност, информираат од Агенцијата.

Петтопријавениот С.К., пак, вработен како раководител на Одделение во агенцијата, од декември 2018 до април 2024 година не презел мерки за спречување на незаконитата состојба во врска со првопријавениот.

Со овие дејствија и постапки, првообвинетиот скоро шест години земал плата, а не доаѓал на работа и не ги извршувал своите работни обврски, со што го оштетил државниот буџет за 1.682.759 денари, или околу 27.3 илјади евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!