фото: твитер

Клатенбург ја призна грешката, му „помогна“ на Реал да биде шампион (ВИДЕО)

Англискиот арбитар за „Дејли Мејл“ истакна дека нерегуларен беше погодокот на Рамос во финалето за европската титула против Атлетико.

Финалниот натпревар од Лигата на шампионите во 2016 година помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид го судеше Марк Клатенбург.

Четири години подоцна Клатенбург призна дека водечкиот гол на Реал во првото полувреме беше нерегуларен, бидејќи Серхио Рамос беше во офсајд позиција.

Во финалето, Реал поведе со 1:0 во првото полувреме, но во овој погодок имаше навистина мал офсајд. Го сфативме на паузата меѓу двете полувремиња. Беше тоа тешка ситуација – рече англискиот арбитар за „Дејли Мејл“.

Во второто полувреме Атлетико успеа да израмни преку Караско, па мечот отиде во продолженија, а новиот европски шампион го дознавме во пенал серијата.

На „Сан Сиро“ во Милано подобри „пенелџии“ беа фудбалерите на Реал со 5:3 и така ја освоија првата од трите титули по ред во ЛШ.

Во својата кариера Клатенбург го судеше и финалето на Европското првенство во 2016 година, беше меѓу најдобрите светски судии, а во 2017 изненадувачки ја напушти Премиер лигата, па одлучи да суди натпревари во Саудиска Арабија, а потоа и во Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот