Беким Ќоку Фото: Принтскрин

Ќоку: Коалицијата „Вреди“ продолжува заедно, се прави план за Локалните избори

Беким Ќоку од Коалиција „Вреди“ изјави дека вчерашната средба на лидерите била во пријателски и колективен дух. Тој потенцираше дека коалицијата продолжува заеднички, а останува да се договорат само детали за листите за градоначалници и советници во општините пред Локалните избори.

-Разговаравме за следните избори, за следните средби. Тоа беше во сосема пријателски и колективен дух. Детално ќе разговараме за тоа во кои општини ќе одиме заедно. Така што, ова беше уште една позитивна средба во духот на соработката. Апсолутно, ние сме заедно, продолжуваме заеднички и останува да се разговара само за деталите и за тоа како ќе се поделат општините. Не се согласуваме на најдобар можен начин, но, во секој политички субјект тоа се случува, и кај поединечни партии, рече Ќоку.

Коалицијата Вреди вчера одржа состанок во Скопје. На состанокот присуствуваа лидерите на партиите кои учествуваат во коалицијата Вреди: Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Изет Меџити од Демократското движење, Биљал Касами од Беса и Зеќирија Ибраими од Алтернатива.

Пред состанокот, Таравари изјави дека нема да има поделби внатре во коалицијата и дека состанокот е редовен. Меџити посочи дека коалицијата ќе настапи со заеднички листи на изборите, додека Ибраими истакна дека состанокот е координативен. Касами изрази убедување дека коалицијата ќе настапи заедно на изборите и дека ќе продолжат редовните комуникации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот