
Ќерката на Халк Хоган живее во хотел откако беше отстранета од неговиот тестамент: „Добив она што го барав“
Брук Хоган, ќерката на легендарниот Халк Хоган, откри дека моментално живее со своето семејство во хотел во Мајами, откако беше изоставена од тестаментот на нејзиниот татко вреден пет милиони долари.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Нејзиниот сопруг, поранешниот професионален хокеар Стивен Олески, изјави за „Пејџ сикс“ дека овој начин на живот не е ништо ново за нив.
– Навикнати сме на постојано патување. Брук повторно работи со издавачката куќа ‘Соб ентртејмент’, за која претходно работеше, и за десет дена снимија дури 14 песни- рекол Олески.
Тој додаде дека тој и близначките, Оливер и Моли, воспоставиле добра рутина и дека уживаат во секојдневниот живот: „Имаме омилен ресторан каде што често јадеме и сè функционира како што треба“.
Самата Брук се огласи на Инстаграм, каде што објави снимки од студиото за снимање и откри дека работи на нова музика.
Порано овој месец, Брук јавно коментираше за одлуката на нејзиниот татко да не ја вклучи во својот тестамент.
– Неговата одлука не ме изненади. Го добив она што го барав и немам никакви поплаки. Татко ми знае дека сум независна со години и дека не зависам од неговите пари – рекла таа во таа прилика.
За разлика од неа, нејзиниот брат Ник Хоган беше именуван за единствен наследник на имотот на Халк.
Инаку, Халк Хоган, чие вистинско име е Тери Болеа, почина во јули оваа година на 71-годишна возраст. Причина за смртта беше срцев удар, а познато е дека тој со години страдал и од леукемија и имал проблеми со срцева аритмија.