
Ќерката на Џони Деп, Лили-Роуз воодушеви со својот изглед на модната ревија на „Шанел“ во Париз
Лили-Роуз Деп изгледаше природно елегантно додека заедно со својата мајка, Ванеса Паради позираше пред фотографите на модната ревија на „Шанел“ во Париз. Француско-американската актерка, која има 26 години, беше меѓу ѕвездите што пристигнаа на ревијата „Шанел пролет/лето 2026“ во понеделникот, за време на Модната недела во Париз.
Препорачано
Лили-Роуз, ќерка на актерот Џони Деп и пејачката-модел Ванеса Паради, покажа софистициран стил на настанот. Таа избра темносин двоен твид капут во комбинација со соодветно здолниште, како и црно-бели проѕирни хулахопки со шари. Комбинацијата ја заокружи со црни салонки на потпетица, а својата руса коса и беше стилизирана во бранови.
Заедно со неа беше и нејзината мајка Ванеса, која се одлучи за црн твид миди фустан без ракави со низок струк. Ванеса го надополни фустанот со црни кожени салонки и неколку златни ланчиња со дијаманти.

Лили-Роуз јули беше фотографирана со нејзината девојка со која беа забележани како разменуваат нежности по романтична вечера во Беверли Хилс. Лили-Роуз излезе од ресторанот со голема насмевка, држејќи ја за рака својата партнерка по вечерата во италијанскиот ресторан.
За време на нивното последно јавно појавување, Лили-Роуз за малку избегна непријатна средба со поранешното момче Тимоти Шаламе и неговата девојка Кајли Џенер, бидејќи и двата пара присуствуваа на истиот кошаркарски натпревар.
Потсетуваме дека Лили-Роуз беше во двегодишна врска со Тимоти Шаламе, по нивното заедничко појавување како љубовен пар во историската драма на Дејвид Мишо „The King“ (2019).
Таа започна да се гледа со сегашната девојка на почетокот на 2023 година, а врската ја потврдија на Инстаграм.