Пожар во Кочани Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ќерката и сопругата на сопственикот на „Пулс“ повикани на распит во полиција

Ќерката и сопругата на сопственикот на кочанската дискотека „Пулс“ се повикани на распит во полиција, дознава Канал 5.

Неофицијално, фалсификувана лиценца од Министерството за економија ја земала ќерката на газда Деко.

Извор за телевизијата тврди дека во врска со пожарот во дискотеката се конфискувани 5 мобилни телефони.

Претходно, полицијата вршеше претреси во кафулето „Класик“ во Кочани, кое минатата недела беше демолирано за време на протестите.

Објектот е во сопственост на Дејан Јованов Деко, неформален сопственик на дискотеката „Пулс“ во која загинаа 59 претежно млади лица. Претреси имаше и во подружницата на пазарна инспекција во Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот