Коцевски и Боднар

Ќе соработуваат македонското и полското обвинителство

Јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски денеска во Варшава, Полска потпиша Меморандум за соработка со неговиот полски колега, генералниот јавен обвинител Адам Боднар, со кој, како што информираат од ЈОРСМ, се воспоставува основа за поблиска соработка меѓу обвинителствата на двете држави, пред се во областите кои вклучуваат размена на експертиза и оперативно искуство од специјализирани обвинителства, студиски и работни средби, како и заеднички програми за обука и директно споделување искуства од аспект на организација, управување со човечки ресурси и дигитални технологии.

-Нашите системи организациски се разликуваат, меѓутоа предизвиците и проблемите со кои се соочуваме во борбата со криминалот верувам дека се слични. Република Македонија, дополнително, е соочена и со предизвикот на усогласување со европските стандарди, зајакнување на системот за владеење на правото и на довербата во правосудните институции. За сите овие цели, експертската помош од Република Полска ни е навистина драгоцена, рече Коцевски на билатералната средба пред потпишувањето на Меморандумот, при што на полскиот колега му се заблагодари за учеството на неколку истакнати полски експерти кои во рамките на проектот “ЕУ – Поддршка за владеење на правото” активно придонесуваат за реформите во правосудниот сектор и обвинителството.

Криминалот, порача Коцевски, не познава граници, а сторителите на кривични дела лесно ги префрлаат своите активности од една во друга држава.

-Иако географската раздалеченост меѓу Полска и Македонија не е мала, сепак важна е секоја размена на искуства и информации која може да ни помогне поефикасно да се справиме со сторителите на кривичните дела, особено од областа на организираниот криминал и корупцијата, додаде Коцевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот