Фото: UPPA/Photoshot / Avalon / Profimedia

Ќе се организира најголемата потрага по „чудовиштето“ од Лох Нес во последните 50 години

Стотици волонтери и ентузијасти се подготвуваат да го пребаруваат шкотското езеро Лох Нес со помош на најсовремена опрема – дронови, сонари и скенери, пишува „Гардијан“.

Поминаа 90 години откако Алди Мекеј раскажа како видела огромен „воден ѕвер“ во езерото, а нејзиното сведочење беше објавено во весникот „Инвернес Куриер“ од страна на Алекс Кемпбел, надзорникот на водите на Лох Нес и хонорарен новинар.

Така, од старите усни легенди за „чудовиштето“ во езерото се појави модерниот мит за Неси, кој се крие во длабочините на шкотското езеро.

Фото: akg-images / akg-images / Profimedia

Следниот викенд се очекува стотици ентузијасти да се соберат и да учествуваат во најголемата организирана потрага на мистериозното суштество во последните 50 години.

Во организација на Центарот „Лох Нес“, волонтери од целиот свет ќе поминат два дена следејќи ја површината и анализирајќи го секое сомнително движење.

За време на потрагата ќе се користи опрема која досега не била користена на езерото – најнови скенери, дронови кои прават термални фотографии од водата со помош на инфрацрвени камери, хидрофон за откривање акустични сигнали под површината итн.

Фото: Andy Buchanan / AFP / Profimedia

Во претходните години и децении, научниците и аматерските ентузијасти се мачеа да најдат докази за „рибата-чудовиште“ која живее во езерото длабоко 230 метри. Но, никогаш не беа пронајдени цврсти докази за нејзиното постоење.

Иако со текот на времето се покажа дека многу сведоштва се измислени и засновани на народните преданија, таканареченото чудовиште од Лох Нес прерасна во една од најголемите мистерии на криптозоологијата во минатиот век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот