Депонија во Ново Лисиче - фото: Слободен печат - Драган Митрески

Ќе позајмиме 55 милиони евра од ЕБОР за да го средиме системот за управување со отпад

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска информираше дека одобрила 55 милиони евра заем за Северна Македонија за модернизација и проширување на системот за управување со отпад во земјата.

– Ние сме среќни што ќе ја поддржиме модернизацијата на системот за управување со отпад на Северна Македонија со нашата прва инвестиција во овој сектор. Модернизирање на системите за управување со отпад и зголемување на стапките на рециклирање се клучни за намалување на загадувањето, за креирање можности во циркуларната економија и за движење на земјата поблизу до еколошките стандарди на Европската Унија, изјави Сузан Герансон, директорка на ЕБОР за инфраструктура.

Според соопштението, проектот вклучува и помош финансирана од донатори, вклучително и 24 милиони евра инвестициски грантови и 13.1 милиони евра техничка помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот