Alexander Shcherbak / TASS / Profimedia

Ќе поевтинат тампоните и влошките, најави Ковачевски – ДДВ се намалува од 18% на 5%

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција истакна дека, во рамки на мерките за даночни реформи, како и за праведност на даночниот систем во земајва, ќе има намалување на даночното оптоварување на производите за менструална хигиена за жените.

Според Ковачевски, измените кои се планираат за даноците за следната година, ќе има намалување на ДДВ-то на производи за менструална хигиена од 18 на 5 проценти „за да придонесеме за поголема достапност на овие производи до сите жени“.

Тој појасни дека во текот на изминатите години нашата економија поминувала низ најголемите предизвици како и другите земји поради кризите.

Исто така, Ковачевски посочи дека е донесен план за фискалана консолидација, истакнувајќи дека наплатата на даноците како процент од БДП е под процентот на земјите на регионот, и далеку под просекот на разивените земји.

„Клучна карактеристика на новиот даночен систем е праведноста. Со восоставување на праведенданочен систем ќе делуваме и ќе ја темелиме реформата која ја планираме. Целиот концепт е поделен во четри категории. Првата група се данок на добива, данок на додадена вредност… каде ќе се прошири даночната база, а таргетирани се и даночните ослободувањеа. Планот е да се изедначат даночните обврзници, без оглед на дејноста“, вели премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот