Дрисла / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Ќе побара ли одговорност премиерот од својот советник и претседател на Управен одбор на „Дрисла“, прашува СДСМ

Од СДСМ прашуваат дали премиерот Христијан Мицкоски ќе побара одговорност од претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ за загадувањето на воздухот во Скопје. Од партијата велат дека се работи за актуелниот советник на премиерот за животна средина и поранешен претедател на Комисијата за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, Даме Димитровски.

„Ќе побара ли сега Мицкоски одговорност од него? ВМРО-ДПМНЕ имаше и директор на Дрисла – Јане Мицевски, човек без никакво соодветно искуство, магистер за туризам и менаџмент“ велат од СДСМ.

Со депонијата „Вардариште“, како што посочуваат, со децении управуваат нивни градоначалници, од Коце Трајановски, до Бобан Стефковски.

„Пред четири години ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници ветуваа: „Фабрика за селекција на отпад во Дрисла“,„затворање на Вардариште, намалување на стакленички гасови, покривање и озеленување“, ветуваа „Зелена зона Вардариште“ со спортско-рекреативни терени a Тимчо Муцунски ветуваше дислокација.

Поминаа 4 години ништо од ова не е направено. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не само што ништо не исполнија, не само што ништо не решија, туку ги оставија депониите да го трујат градот“ обвинуваат од опозициската партија.

За еколошката катастрофа која секој ден ја живеат скопјани, СДСМ го вперува прстот кон ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот