Христијан Мицкоски Фото: Принтскрин

Ќе има одговорност и правна разрешница за тоа што ме следеле мене, новинари, најавува Мицкоски

Нема да има селективна правда, ќе има одговорност, правна разрешница за скандалот со нелегално прислушување и масовна злоупотреба на системот, најави премиерот Христијан Мицкоски, откако од АНБ, но и тој кажаа дел од вработените во АНБ заедно со раководството во периодот од 2019 до 2024 го следеле него како опозициски лидер, новинари и медиуми и дека злоупотребувале ресурси на Агенцијата за следење.

-Нашата држава се соочува со нов скандал нелегално прислушување и масовна злоупотреба на системот во изминатите неколку години. Јас лично тогаш како претседател на најголемата опозициска партија заедно со голем број на новинари, медиуми бизнисмени и јавни личности сме биле жртва на системот кој ги следел своите граѓани. Ова не е напад само врз мене туку врз демократијата врз правото на слобода, врз темелите на државата. Сакам да порачам нема да има селективна правда, ќе има одговорност ќе има правна разрешница. Народот предолго бил жртва на злоупотреби на корупциски шеми и на тајни центри на моќ. Времето на недопирливи заврши. Токму партнерството за отворена власт е наш заеднички одговор затоа што таму каде таму каде што има светлина нема простор за сенки – рече Мицкоски.

Виктор Димовски кој беше директор на Агенцијата во тој период пак излезе со тврдење дека Мицкоски не бил следен и побара од актуелниот директор на АНБ, Бојан Христовски да ги декласифицира документите за наводни злоупотреби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!