Фото: Слободен печат

Ќе добијат ли аптеките контејнери за таблети со поминат рок и која е новата позиција на САД во однос на остатокот од светот? Утре во „Слободен печат“

Која е новата позиција на САД во однос на остатокот од светот вклучувајќи ги Европа и Македонија? Во утринската емсија „Слободен печат“ разговараме со Димитар Николовски од „Евротинк“.
„Слободен печат“ продолжува да истражува на темата каде завршуваат лековите со поминат рок од граѓаните. Откако дознавме дека наскоро се очекуваат измени во Правилникот за лекови со поминат рок и некои аптеки наскоро ќе добијат контејнери каде што граѓаните ќе го остават фармацевтскиот отпад, одлучивме да дознаеме што потоа со ова ѓубре? Како ќе изгледа постапката и на чиј финансикси товар ќе биде неговото уништување дознаваме од Марија Петреска, фармацевт и лиценциран управител за отпад.
„Lora’s sushi“, „гоуст кичен“ е кујна без локација или простор за јадење кој е наменет за подготовка на суши. Приказната започнува многу години наназад кога за првпат Славчо и Лара (подготвувале суши дома. После многу тестирања и добиени позитивни мислења од нивните пријатели и блиски, одлучија да го креираат Lora’s sushi.

Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот