
Кисела Вода добива модерен ритејл парк вреден 15 милиони евра
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, го најави почетокот на изградба на најголемиот ритејл парк, кој ќе биде лоциран во Пинтија, близу Стаклара, на површина од 35.000 квадратни метри.
Препорачано
-Скопје го добива најголемиот ритејл парк, во Кисела Вода. Изградбата на Home Retail Park – првиот ваков трговски парк во Македонија, е проект вреден 15 милиони евра. Ќе обезбеди 20.000 м² модерен комерцијален простор, создавајќи можности за вработување на околу 300 лица и значајно заживување на локалната економија- соопшти тој.
Ѓоргиевски додаде дека со овој капитален проект ќе се отворат 300 нови работни места и дополнително ќе придонесе кон развојот на индустриската зона.

-Home Retail Park ќе биде единствена локација каде што граѓаните ќе можат да најдат сè што им е потребно за својот дом – од мебел, домашни апарати и декорации, до градинарска и бањска опрема. Покрај тоа, ќе располага со модерни кафетерии и ресторани, како и 600 паркинг места за посетителите, создавајќи комплетно шопинг искуство- додаде Ѓоргиевски.
Овој ритејл парк, како што вели градоначалникот, е инвестиција на иднината, која ќе го подобри живеењето на граѓаните и развојот на локалната економија, а неговото отворање е предвидено до крајот на оваа година.