Кипар ги попари богаташите и мафијашите, ги укинува златните пасоши (ВИДЕО)

Кипар ја укинува програмата за доделување на државјанства која им гарантира влез во ЕУ без визи на сите кои иневестираат најмалку два милиони евра во таа земја, а меѓу оние кои се стекнале со тн. „златни пасоши“ беа и бројни руски олигарски вмрежени со политичките структури и мафијашките кругови, јави во вторникот БиБиСи.

Островот така до крајот на 2018 година заработи 4,8 милијарди евра, а од 2008 година државјанства се продадени на 1.685 „странски инвеститори“ и 1.1651 членови на нивните семејства.

Таа одлука е на сила од следниот месец, а е објавена откако Ал Џезаира ги сними кипарските власти како таа програма ја користат за на измислен кинески претприемач со криминално досие да му помогнат да дојде до „златен пасош“.

Еден од тие фунционери е и претседателот на кипарскиот парламент Деметрис Сулоурис кој објави дека ја предава должноста на 19 октомври се до завршувањето на истрагата.

Неговото повлекување од должност следуваше брзо откако владата на официјалното заседание во вторникот соопшти дека го потврдува предлогот за укинување на „програмата за државјанство за инвестиици“.

Златни пасоши доделени на руски олигарси, тајкуни од Кина, Иран, Србија…

Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис рече дека предлогот е изнесен како одговор на „слабостите“ на програмата кои може да се злоупотребат.

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) предупредува дека „златните пасоши“ се серозна закана за меѓународоната борба против затајувањето данок, прикривањето на имот, перењето пари, финасиски малверзации и избегнување на санкции наметнати на одредени земји. За купување на „резервна татковина“, тврди ОЕЦД, потрошени се најмалку три милијарди евра зошто секој олигарх и мултимилионер во 21 век кои држи барем малку до себе, мора да има најмалку два, три, а можеби и повеќе пасоши.

Кипар од 2014 до 2018 година „златни пасоши“ им врачи на стотина припадници на руската и украинската елита, тајкуни од Кина, Иран, Саудиска Арабија па и Србија кои на тој начин станаа државјани на Европската Унија.

Меѓу нив се на пример, кралот на алуминиумот Олег Дерипаска, неговиот сонародник Александар Пономаренко, индустријалец тежок 3 милијарди долари и познат по како голем руски родољуб кој на Владимир Путин му изгради палата за приватно користење вредна 350 милиони евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!