Кингсли Коман/фото: EPA/ANNA SZILAGYI

Кингсли Коман ќе ја продолжи кариерата во Ал Наср

Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Кингсли Коман (29), во четвртокот отпатува за Ријад, Саудиска Арабија, за да ги помине медицинските прегледи и да го финализира трансферот во Ал Наср.

Клубовите се согласија дека Ал Наср ќе плати 30 милиони евра за францускиот фудбалер и уште пет милиони во разни бонуси.

Коман ќе потпише тригодишен договор и ќе заработува 25 милиони евра годишно во саудискиот клуб, што е повеќе од двојно поголема плата од неговата во Баерн. За тимски колеги ќе ги има Кристијано Роналдо и поранешниот соиграч од Баерн, Садио Мане.

Коман се приклучи на Баерн во 2015 година и има договор до 2027 година. Тој го постигна победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година против неговиот поранешен тим Париз Сен Жермен, каде што помина време во академијата и ја започна својата професионална кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот